Сок од ананас за чистење на телото

Овој сок од ананас е одличен за чистење на телото, ослободување од токсините, како и намалување на килограмите.

Photo by YesMore Content on Unsplash

По зимските празници, на нашето тело му е потребно да се опорави од тешката храна и долгото седење. Затоа, овој сок е одличен избор.

Потребни состојки:

200 гр  ананас – Ананасот е богат извор на витамин Ц, антиоксиданси и добар извор на диетални влакна и манган. Содржи ензим наречен бромелаин (добиен од стеблото на ананасот). Истражувањата покажуваат дека бромелаинот обезбедува антиинфламаторни својства, помагајќи да се намали воспалението и да се подобри варењето. Бромелаинот, исто така, помага во метаболизмот на протеините, што пак може да помогне во согорувањето на несаканите масти.

Корен од ѓумбир – Свежиот ѓумбир е моќна билка која има големи здравствени придобивки. Обезбедува антиинфламаторни, антиоксидантни и антибактериски придобивки, помага за чистење на крвта, ја подобрува циркулацијата, помага во варењето и го стимулира природниот процес на детоксикација.

Прав од корен од куркума, 1/2 лажичка - Куркумата има слични придобивки како ѓумбирот. Исто така е антиинфламаторно и содржи антиоксиданси, го зајакнува имунитетот, ја подобрува циркулацијата на крвта и помага при варење и детоксикација.

1/2 лимон- богата со витамини, минерали, флавоноиди, антиоксиданси, антиинфламаторни и антибактериски својства.

Подготовка:

Исчистете го и излупете го ананасот, а коренот од ѓумбир изрендајте го. Во блендер додадете ананас, ѓумбир, куркума и исцеден сок од половина лимон. Измешајте го напитокот и уживајте во вкусот. Можете да го пиете во текот на денот за детоксикација и како здрава ужина во процесот на слабеење.

Конзумирањето на сок од ананас придонесува за телото преку зајакнување на имунитетот и обезбедување на голема доза на витамини и минерали. Сепак, важно е да се консумира умерено ананас бидејќи содржи фруктоза, која може да предизвика скокови на шеќерот во крвта.