Со субвенциите за рурален туризам до повторно заживување на македонските села

Македонија има огромни можности за развој на руралниот туризам, но иако ова многу години честопати е спомнувано досега речиси ништо не е направено за реално искористување на овој потенцијал. Сепак, десетината приватни инвестиции во вид на хотели и ресторани во неколку македонски села се показател дека идејата за развој на ваков вид туризам може да биде успешна.

Државата првпат оваа година обезбедува фонд што ќе биде доделен како субвенции за сите оние што сакаат сериозно да развиваат рурален туризам. Во јавниот повик за учество, кој е отворен до 30 септември годинава, обезбедени се државни пари во вредност од 2,5 милиони денари. Право на учество за добивање субвенции имаат сите физички лица што вршат угостителска дејност во автентични традиционални услови, при што ќе се обезбеди кофинансирање до 60 отсто од докажаните трошоци направени за реализирање на идејата, но не повеќе од 200.000 денари. Единствено треба селските домаќинства што вршат угостителска дејност да се категоризирани во согласност со правилникот за начинот и поблиските критериуми за добивање на ознаката во селските домаќинства во руралните средини во согласност со Законот за угостителска дејност.

Надлежните појаснуваат дека за да се добијат субвенциите објектот треба да е уреден и опремен во согласност со традицијата на регионот во кој се наоѓа.

Треба да биде запазена и традицијата околу приготвување и послужување топли и ладни јадења, пијалаци и напивки вообичаени за крајот во кој се наоѓа селското домаќинство, да нуди услуги за сместување, и тоа најмногу до 10 соби, односно 20 легла. Треба да се води сметка и за надворешниот изглед на куќата, кој треба да биде без оштетување и знаци на дотраеност, а околината да биде уредена