Со што заслуживме ваков инженерски кикс на 20 метра пред училиште? - Лазаревски за страотната сообраќајка утрово на  „Васко Карангелевски“ 

По веста дека утрово се случи страшна сообраќајна несреќа, односно се преврте возило на новоотворениот булевар „Васко Карангелевски“ во општина Аеродром во близина на воениот базен, се огласи Марјан Лазаревски кој веќе подолг период предупредува на опасност на оваа локација. 

- Апел до сите возачи, пешаци и родители - избегнувајте ја Васко Карангелески додека не се исправат сите неправилности. Апел до властите - затворете ја улицата додека не настрада некое дете! Град Скопје, oва не е булевер, ова не е ни улица, ова е КЛАНИЦА! - порача тој штотуку на својот фејсбук профил. 

- Со што заслуживме ваков инженерски кикс на 20 метра пред училиште? Втора (евидентирана) сообраќајка во само неколку дена. Ве молам, споделувајте и давајте идеи како да побрзо го средиме овој хорор, упати апел овој скопјанец.