Со „опел“ 70-годишен Грк се забил во две возила во Стар Дојран

70-годишен возач од Грција е тешко повреден во сообраќајќа што се случила синоќа во Стар Дојран. Имено, тој со „опел“ удрил во едно паркирано возило и во уште едно возило во движење. 

- На 29.04.2024 во 21.55 часот во Полициската станица Гевгелија било пријавено дека на ул.„Маршал Тито“ во село Сретеново, општина Стар Дојран, патничко возило „опел“ со грчки национални ознаки, управувано од грчкиот државјанин Р.Н.(70), удрило во паркирано патничко возило „шкода“ со кумановски регистарски ознаки и во патничко возило „опел“ со грчки национални ознаки, управувано од грчкиот државјанин А.Л.(61). Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил возачот Р.Н., констатирани во Медицински центар Гевгелија.

Увид на местото извршила екипа на Полициската станица Гевгелија.