Цената на струјата ќе се зголеми во наредните година дена. Со либерализација на пазарот на електрична енергија која планира да ја воведе владата на СДС, сметките на граѓаните за електрична енергија ќе се зголемат, за најмалку 20%, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

-Актуелната популистичка мерка нема да влијае на сметките. Секој корисник на електрична енергија ќе ја види измамата со првата сметка. Затоа СДС ја најавува мерката сега, а разочарувањето ќе стигне после изборите. На граѓаните очигледно им станува јасно дека се повторува сценариото за продажбата на ЕСМ кое беше најавено како бонбона бизнис, а се што им донесе беа поскапи сметки за електрична енергија, стои во реакцијата на ВМРО-ДПМНЕ.

Либерализацијата на пазарот ќе биде уште еден бонбона бизнис на врхушката од СДС, потенцираат од ВМРО-ДПМНЕ и додаваат дека 0ва е проект за лично богатење, на сметка на граѓаните кои ќе осиромашуваат.