Со црвени рози градоначалникот на Општина Илинден, Жика Стојановски, им го честиташе празникот 8 Март на припадничките на понежниот пол.

Со искрени желби за многу радост, среќа и љубов, градоначалникот им подари цвеќе и честитки на жените со кои оствари средба на повеќе локации во општината.

Црвени рози добија и припадничките на понежниот пол вработени во општинската администрација и јавните претпријатија.