Со 4000 амандмани ќе се блокира носењето на ДУП-овите за "Алумина", Влае и Млечен

Со 4000 амандмани советничката група на ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата „За обнова на Македонија“ ќе го блокира носењето на ДУП-овите во општина Карпош.

Според Роберт Вељановски советник на ВМРО-ДПМНЕ во Советот на општина Карпош во изминатиов период до нив како советничка група стигнале многу реакции од вознемирени граѓани на Карпош што било причина тие да се решат на ваков чекор

-  “Денес поднесуваме 4.000 амандмани со кои времено ќе биде спречено носењето на Буџетот на Општина Карпош, но и спречено носењето на ДУП-овите за „Алумина“, Влае, Млечен и серија други ДУП-ови кои стојат на брзата трака за реализација до февруари. Овие налудничави обиди мора да бидат спречени. И затоа времено ќе го блокираме носењето на Буџетот на Општина Карпош. Буџетот на Општина Карпош мора да биде креиран за потребите на граѓаните на Карпош” рече Вељановски

Вељановски рече дека општина Карпош има цврста намера да ги донесе и реализира овие ДУП-ови но и дека како советничка група на ВМРО-ДПМНЕ остануваат доследни на концептот за хумана урбанизација и квалитетно секојдневие на жителите на општина Карпош