Снежна покривка во неколку делови од Македонија

Висината на снежната покривка во осум часот во Крушево изнесува два сантиметри, а во Маврово и Лазарополе по еден сантиметар, соопшти Управата за хидрометеоролошки работи.

Минимални температури утрово се движат од минус четири во  Маврово, минус три во Крушево, минус два во Лазарополе и Ѓуриште, нула во Пожаране, Тополчани, и Берово, еден степен во Крива Паланка, Охрид и Претор, два во  Виница, Прилеп и Куманово, три Скопје Петровец, Битола, Штип и Тетово, четири во Струмица и Скопје, пет во Демир Капија и Дојран до седум степени во Гевгелија.

Под влијание на влажна и студена воздушна маса во текот на ноќта насекаде во земјава предизвика облачно време со повремени локални врнежи до дожд кои повеќе беа застапени во западните и северните делови. Во текот на изминатите 24 часа најмногу дожд е наврнат во Охрид - 14 литри на метар квадратен.

На планините и повисоките места врнежите од дожд поминаа во снег. Врнежите беа поинтензивни во западните и југозападните делови. На планините и повисоките места се формира и снежна покривка. Дуваше умерен а на повеќе места засилен северозападен ветер, кој во Пелагонија,Скопската котлина и Штипскиот регион достигнуваше брзина од 43 до 54 километри на час.