Слободната волја постои поради љубовта

Ние, како изворно духовни суштества, сме вечна животна енергија. Како и секоја друга енергија и ние си имаме свој извор. Единствената разлика е во тоа што ние сме неограничено помали во споредба со нашиот извор.

Квалитетите на душата и Бога во потполност се истоветни, меѓутоа нашиот квантитет се разликува. Додека Бог е неограничено голем, ние сме неограничено големи. Бог е сеприсутен, а ние сме присутни само во овој момент и на ова место. Додека Бог има моќ низ целокупниот универзум, ние имаме моќ само внатре во себе. Ние всушност, како души, не можеме да влијаеме на ништо освен себе, но во тоа подрачје имаме подеднаква моќ на создавање.

Целта на слободната волја е никој и никогаш да не може да се плетка во неа. На тој начин сме способни да сакаме, затоа што љубовта по дефиниција е слободна. Ако таа е условена од нешто, тогаш тоа не е љубов, туку нешто сосема друго. А Бог е исклучиво мотивиран од љубовта, па затоа ни ја подарил слободната волја, затоа што тоа е единствен начин да го сакаме Него и Тој да нѐ сака нас. Никој не може да ужива во љубовта доколку е во ропство, под закана или исплашен. Бог не ја условува нашата љубов и тоа го покажува со тоа што ни ја подарил слободната волја.

Таа слободна волја се однесува само на нашето сопствено искуство. Со други зборови, по сопствена волја можеме влијаеме и да го менуваме само сопствениот живот, свест и личен идентитет. Немаме никаква моќ над другите битија. Секој кој е жив, е слободен и живее во љубов со Бог. Не постои друг однос освен љубовта, затоа што секој е вечен, а вечноста е подарок од чиста, неограничена љубов кон нас. Таква љубов има само Бог и таа е подеднаква и неограничена за секое живо битие.

За нас е возможно да ја достигнеме состојбата на совршена љубов само кога повторно ќе се поврземе со нашиот извор – Бог. Тогаш стануваме она што навистина сме, ја достигнуваме онаа состојба која отсекогаш сме ја сакале. Сѐ додека немаме јасен и личен однос со Бог, ние ќе бидеме неуспешни во сѐ што правиме, затоа што не сме поврзани со нашиот извор.