Следете го во живо положувањето на крстот во водите на реката Вардар

Следете го во живо традициналното фрлање на светиот крст во водите на Вардар на овој линк.

Во Скопје се пријавени над 100 граѓани за учество на манифестацијата „Водици 2017“. Кум на манифестацијата годинава е Димитриј Јовановиќ, сопственик на ресторанот „Стара куќа“.

Централната манифестација во Скопје ќе се одржи напладне кога архиепископот охридски и македонски г.г. Стефан ќе го положи крстот во Вардар од мостот „Слобода“.

Претходно, од 9 часот, поглаварот на МПЦ г.г. Стефан ќе богослужи Златоустова литургија во црквата „Рождество на Пресвета Богородица“.