Кружните текови, кои почнаа да се градат во Скопје ги збунија граѓаните. На прсти можат да се избројат возачите што ги знаат правилата за движење на кружен тек. Голем број со чудење ги минуваат крстосниците, движејќи се од една лента во друга и вртејќи по неколку кругови, оти не знаат како да излезат од кружниот тек. А на оваа фотографија може да забележиме дека возачот решил да си ги скрати маките поминувајќи преку кружниот тек во Капиштец.