Скопски саем заминува во историјата - ќе се гради голем трговски центар и станбени објекти

Меѓународниот саем „Технома 2017" годинава ќе се одржи од 25 до 29 октомври во ВИП арената „Борис Трајковски". Одложен е есенскиот саем „Дома“. Халите на Скопски саем се продадени, a на нивно место ќе се гради голем трговски центар и деловно - станбени објекти.

Од Скопски саем информираат дека нивните хали, досега во сопственост на словенечката групација ЕРА, се продадени.

Имотот на Скопски саем бил заложен во НЛБ Тутунска банка и во Комерцијална банка, кои долгот си го наплатиле со продажба на фирмата Кардфинанс од Бугарија за сума од 16 милиони евра.

На овој простор новиот сопственик планира да изгради голем трговски центар и повеќе деловно-станбени објекти.