“Скопје Tribute“ во клубот Midnight

На 26.11.2016 (сабота), со почеток во 20:00h, Иноватива Груп Ви го претставува проектот “Скопје Tribute“ во клубот Midnight лоциран во строгиот центар на Скопје-Кеј 13ти ноември. Повелете на вечер посветена на златното време на EX YU Рок музиката со:

Азра Tribute Band/Равно до дна, состав формиран во 2008 година во Белград. Идејата за свирење и презентирање на музиката на Азра е љубовта кон духот на тоа време кој се пренесува многу масовно и успешно на публиката, како и музичката носталгија по 70тите и крајот на 80тите години. Бендот настапува исто како и почетниот состав на Азра, свирејќи музика од сите периоди на групата: pок, поп, панк, фолк, реге, афро и латино звук со текстови кои се и ден денес актуелни, а публиката ќе има можност да ги слушне на Тribute концертот посветен на овој бенд.

Маљчики/Нови талас Tribute- Белградски бенд кој свири музика од периодот на Jугословенскиот музички “Нови талас“ од 80тите години. Бендот успешно работи веќе неколку години и се смета за голема клупска атракција. Името на бендот Маљчики е земено по големиот хит на култната група Идоли, кој значи „Дечаци“, а освен големите хитови на култните Идоли бендот ги свири и сите хитови на Хаустор, Партибрејкерс, Шарло Акробата, Електрични оргазам и на уште многу други бендови кои го одбележаа златниот период на EX YU Рок музиката.

Влезните билети за настанот во претпродажба може да се набават преку продажната мрежа на MKTickets по цена од 300ден. Online Билети: http://mktickets.mk/skopje-tribute Информации за настанот: https://www.facebook.com/events/1806007392947423/