Скопје се гуши 24 часа, ништо подобро и во другите градови (фото)

Енормно високо загадување на воздухох во Скопје, особено во Лисиче и кај Ректорат, вчеравечер покажаа мерните станици за квалитет на воздухот.Загадувањето на воздухот во Скопје се чувствува уште од утринава.

Мерните станици на Министерството за животна средина и просторно планирање покажале најголема загаденост во Лисиче каде во 7 часот биле измерени 260 микрограми на метар кубен ПМ10 честички.

 

Максималната граница, пропишана од Европската Унија за присуство на ПМ10 честички во воздухот е 50 микрограми во период од 24 часа.  Според мерната станица, во Лисиче воздухот е многу загаден веќе осум дена. Не помалку денови воздухот е многу загаден и во останатите скопски населби, но и низ другите градови во земјава.

Во останатите населби загадуванњето е незначително помало.

Во другите градови низ Македонија, мерните станици измериле најголемо загадување на водухот во Куманово, но загадувањето е големо и во Велес и во Битола.

Засега никој од надлежните во Македонија, ниту централната, ниту пак локалната власт не преземаат никакви превентивни мерки за енормно загадениот воздух во кој се гушат граѓаните.