Супер забава во Скопје (галерија)

Супер Скопје започна вчеравечер со настапот на Сергеј Четковиќ на Кеј 13 Ноември. Скопје е подготвено за супер забава, напиша градоначалникот на Скопје Коце Трајановски на својот Фејсбук профил.

Градот Скопје деновиве ќе пулсира во ритамот на Супер Скопје.На оваа локација во рамките на „Супер Скопје“, покрај вчерашниот концертот на Четковиќ, скопјани днеска од 21 часот ќе се забавуваат со Бајага и Инструктори.

За дополнителна одлична забава се погрижи и Градот Скопје кој донесе одлука за продолжување на работното време на угостителските објекти за еден час на датумите кога ќе се одржува „Супер Скопје“.