Скопје повторно се гуши во загаден воздух

Скопје повторно се гуши во загаден воздух. ПМ 10 честичките во воздухот и утрово над дозволеното. Македонија ја почна новата 2018 година со старите проблеми. Најзагадено утринава е во Карпош и Рекотрат.

Воздухот беше загаден и за време на новогодишната ноќ, а и во текот на вчерашниот ден.

Поради енормното загадување на воздухот во изминативе неколку дена на сила стапи  една од мерките на Град Скопје - забрана за достава на стоки во центарот на Скопје од 7:30 до 18 часот.