Скопје ќе добие Меџик парк, по примерот во Солун

Луна паркот во Градскиот парк ќе се гради согласно нов проект.

Новиот парк освен содржини за забава ќе има и ресторани и поголема површина од сегашната да се направи тематски забавен парк по примерот на оној во Солун, пренесува Вечер.

–Концептот да го донесете вашето дете или внуче на лулашки е надминат концепт. Она на што работиме во Градот е концепт на тематски забавен парк кој регионално не постои и ќе го има во нашиот град со што Скопје ќе го стави на туристичката мапа во регионот. Тематски забавен парк има во Солун и никаде во околината. Овие  забавни паркови сами по себе позразбираат дека надвор од забавните содржини треба да има и постоење на поинакви места, како ресторани и други забавни содржини за сите возрасти. Тоа се места каде семејството може пријатно да си помине. Она за што јас водам сметка е што средствата што овој град ги потроши за набавка на апаратите, само милион евра е партерното уредување според стариот проект, да бидат вклопени во новиот проект, значи да не трошиме дополнително пари – рече Петре Шилегов.

Во градската каса за оваа намена за 2019 година се предвидени вкупно 1,3 милиони денари од кои 4 милиони денари за изработка на проектот, 26 милиони денари за набавка на реквизити и нивно монтирање и 50 милиони денари за изградба на паркот.