Скопјани продавале фалсификувани карти за фестивалот „Грин бич“ во Охрид

СВР Охрид поднесе кривична пријава  против Т.М. (25) и А.Ч.(28) од Скопје поради „фалсификување исправа“. 

Во текот на јули годинава, пријавените набавиле фалсификувани-лажни влезни карти за фестивалот „Грин Бич“ кој требало да се одржи на плажата „Парк“ во Охрид. На 28 јули, иако знаеле дека не се вистинити, двајцата пријавени свесно ги пуштиле влезните карти во оптек и вршеле нивна продажба со поединечна цена од 1.000 денари.  Истиот ден, околу 22.20 часот, пред почетокот на фестивалот, од организаторот и одговорните лица, при обид за влез, со службените читачи на бар кодови и холограми биле констатирани  вкупно 20 лажни односно фалсификувани влезни карти.

По преземени мерки, СВР Охрид ги идентификува можните сторители а потоа изврши претрес во „Извиднички Центар“ Охрид каде пријавените биле привремено сместени. Притоа,  пронајдена е една фалсификувана-лажна влезна карта за истиот фестивал, соопшти охридската полиција.