Скопјанец пронајден мртов во својот дом

Шеесет и шест годишен скопјанец вчера напладне бил пронајден починат во својот дом, на улицата Жеглање.

Починатиот бил пронајден од пријател, кој дошол да провери зошто не му одговарал на телефонските повици.

МВР информира дека смртта ја констатирал лекар од итна медицинска помош, а по наредба на јавен обвинител, телото на починатиот е предадено на обдукција.