Скопјанец покрена акција: Доколку ви преостанува храна за донација, јавете се!

Со пораката „Да дозволиме да се случуваат убави нешта“, скопјанецот Драган ги покани своите сограѓани да се приклучат кон предновогодишната хумана мисија.

-Во ек се куќни слави, предновогодишни, новогодишни и посленовогодишни прослави за кои знам дека сакате и приготвувате храна во обилни количини секој според можностите. Преостанатата храна доколку сте во можност ставете ја во некои пластични садови со капак (пример кутија од сладолед) бидејки кесите се скапи и јавете се на бројот 070795144, после 17часот би дошле со возило до вашиот дом и ќе се раздели храната на луѓето кој што ги гледаме секојдневно на улиците низ Скопје, ги повика тој скопјани во својата објаа на социјалните мрежи.

Во насока на чинењето добри дела, Драган нуди и превоз за своите сограѓаи.

-Секој жител на Скопје кој што има потреба, а нема можност за такси во период од 20ти до 30ти декември и тоа од 19-21 часот слободно нека се јави на бројот подолу во објавата и ке биде однесен до саканата дестинација со возило, вели хуманиот човек.