Скопјанец ограбил ординација за протетика па се продал на Бит Пазар

СВР-Скопје поднесе кривична пријава до ОЈО против 20-годишниот Б.А. кој ограбил ординација за протетика и се стекнал со 200.000 денари.

Б.А. со употреба на физичка сила и погоден алат ја отворил влезната врата на ординацијата за протетика „МАК ДЕНТАЛ“, влегол внатре и украл една печка за печење порцелан за заби, како и разни шишенца со медицински прашоци. Тој се стекнал со вкупна имотна корист од околу 201.000денари и причинил материјална штета во висина од околу 10 илјади денари.

Украдените предмети ги продал на непознати лица на Бит Пазар.