Скандалозна изјава на премиерот: Нема  да дозволам неколку криминалци, еден суетен новинар и да ми извини ЛГБТ заедницата, еден педер да ја симнат оваа влада од власт

 

Денеска во Владата беше одржан прием по повод годишнината од потпишувањето на Охридскиот рамковен договор. По приемот, премиерот на Владата одговараше на новинарски прашања.

Шпекулациите кои што одат до таму, обидувајќи се да ме инволвира некој мене. Уште еднаш да напоменам, јас сум Зоран Заев, дојдов благодарение на гласот на граѓаните борејќи се за слобода, за демократија, за правна држава и за владеење на правото и за нормална земја. Јас сум борец-човек и ќе се борам за овие вредности до крај, рече премиерот Зоран Заев.

„Нема  да дозволам неколку криминалци, еден суетен новинар и да ми извини ЛГБТ заедницата, еден педер да ја симнат оваа влада од власт. Ќе се бориме до крај, а секој ќе си сноси одговорност“, кажа Заев како одговор на прашањето за случајот „Рекет“.

Досега нема реакции од невладините организации и активисти во нашата држава.