Скандал или тековни проблеми: Што се случува во ДИК?

Од ДИК синоќа најавија дека во текот на денов ќе излезат со конечните резулати и распредлелбата на мандатите, но се уште нема најава за прес конференција. Рокот во кој сите очекуваа ДИК да излезе со официјални податоци за распределбата на мандатите завршуваше во 19 часот, но од ДИК велат дека рокот е испочитуван со самото тоа што тие веќе излегоа со податоци за гласовите по изборни единици, а мандатите можат да бидат соопштени и подоцна.

„Во ДИК се уште има членови на општинските изборни комисиси кои доставуваат изборен материјал и печати, влегуваат со кутиите и членовите истите ги прегледуваат. Утврдуваат дали се сите на број. Официјалната прес-конференција не е објавена. На прашањето дали ќе го испочитуваат рокот од 24 часа, објаснувањето е дека тие го запазиле рокот со тоа што околу 3 часот ги објавија резултатите, а мандатите не се прекршување на рокот. Велат, ниту една партија не поднела приговор околу изборните резултати“, објави Република. 

На официјалниот сајт на Државната изборна комисија сеуште нема официјални резултати од вчерашните Парламентарни избори, а гласачките ливчиња уште од рано утринава се 100% преброени.