Сите наставни програми под лупа: Ќе се намали бројот на часови

На почетокот на учебната година учениците но и наставниот кадар ќе ги пречекаат неколку новини и уште повеќе најави за измени.

Ќе има намалување на бројот на часовите. Анализите, како и досегашните искуства покажале дека децата се преоптоварени со преголем број часови, и дека тоа тоа влијае врз ефикасноста на учењето. Претходно ќе биде изготвен нов наставен план за ученици од нивна возраст. Под лупа, односно на јавна дебата ќе бидат ставени сите наставни програми. Еден од нив ќе биде и Кембриџ.

Досега комисијата формирана од страна на министерството повлече два учебника кои содржеа стереотипи и омаловажувачки однос кон одредени категории од населението.

Испратен е допис до сите училишта во кој настваниците се поканети да укажат на грешки и продблеми во учебниците. Од училиштата се бара и да пријават број на ученици со посебни образовни потреби на кои им е потребен персонален асистент.

Во моментов, во процес на селекција се 70-тина.