Сите на улица – поради цените!

Македонците несомнено се „најсилни“ на тастатура, па така и овој пат, паралелно со растот на цените и животнитот стандард, преку социјалните мрежи повикуваат да се излезе на улица во масовен број и да се протестира против енормните поскапувања на храната.

-Се поскапе од моментот на качување на минималецот, бензинот, маслото, сите месни и млечни производи, средствата за хигиена, па дури и храната за миленичиња. Денската евтина тарифа е укината. Излезете луѓе бунете се - повикува една скопјанка во објава на својот фејсбу профил.

-Малку ни е ова што ни го прават. Си седиме и молчиме додека цените се до плафон. Зошто молчиме – прашува друг граѓанин.

-И минималецот од 18.000 денари не е доволен. Друга приказна е што многумина останаа без работа за време на пандемијата. Колективна депресија, а сите се жалат на фејсбук. Едноставно си ги кажуваат маките и согледуваат дека не се сами во бедата. Тоа е – а до кога вака не се знае! – коментира еден повзрасен граѓанин.

-Ние сме познати по „Има и полошо“, па така туркаме ден за ден. Добро е, само е жално за оние кои не можат да си дозволат на своите деца да им направат тост со кашкавал, да им купат сезонско овошје, да планираат годишен одмор – е ставот на друг граѓанин.