Два класа во втора година во гимназијата „Никола Карев“ во Скопје, денеска штрајкуваа поради тоа што учениците не сакаат да бидат раздвоени во други паралелки откако ќе изберат стручни насоки, велат од управата на училиштето за „Слободен печат“.

Како што објаснуваат тие, во втора година учениците треба да изберат насоки за во трета година што би значело да се поделат во различни паралелки. Учениците штрајкуваат затоа што сакаат да останат во ист клас.

Штрајкот во гимназијата се уште трае.