Што значи бавно да се заљубуваш наместо да ги избрзуваш работите?

Сакам да знаеш дека е сосема во ред да бидеш девојката која бргу се заљубува. Сосема е во ред да бидеш несигурна на почеток и да не знаеш што да правиш со своите чувства.

Сосема е во ред да не знаеш дали тој е вистинскиот. И можеби дека и не постои вистинскиот.

Како луѓе премногу го романтизираме моментот на брзо заљубување. Но, во реалноста, поим немаме во кого се заљубуваме. И како би знаеле? Како би можеле да знаете некого по еден состанок или по еден месец, па дури и по една година? Да бидеме реални, во суштина, никој не може вистински да познава некого.

Ние создаваме приказни во нашите глави и си ги раскажуваме на самите себе. Ние создавме од слики од тоа што го посакуваме, а не од тоа што гледаме. Сите ја бркаме нашата бајка. Не можеме да си помогнеме, а да не сонуваме за љубовна приказна како од филмовите. Сите ние сакаме да бидеме Ромео и Јулија, Џек и Роуз и Ноа и Ели. Секогаш заборавајќи дека никој од нив не го доби својот среќен крај.

Знаете што е прекрасно? Да се заљубувате бавно. Бавно понекогаш е токму тоа што му е потребно на вашето срце. Одмор од сите повредувања и кршења. Некој кој нема да ви го преврти светот наопаку. Некој кој ќе се задржи во вашиот живот. Некој кој не само што го омекнува вашето срце, туку и вашата душа.

Јас избрав да направам нешто различно. Се заљубив во него и тоа многу бавно. Оној тип на бавно кога си бил повреден толку многу пати и мислиш дека пак ќе се случи тоа ако и овој пат се возбудиш премногу. Оној тип на бавно кога ја слушаш главата исто колку што го слушаш срцето. Оној тип на бавно кое прави се да изгледа многу пореално.

Оној тип на бавно каде пеперутките постојат и се тука, но се мирни, тивко слушаат и уживаат во секој момент и бавно се подготвуваат да полетаат.

Поголемиот дел од луѓе лутаат наоколу, слепо фаќајќи се за некој. Било кој кој ќе ни помогне да застанеме. Затоа што се плашиме од тоа што ќе се случи ако нема никој и ако треба сами да си ја држиме сопствената рака. И затоа паѓаме толку брзо, затоа што сакаме некој да не фати.

Не дозволувајте никој да ве убеди дека пламенот кој полека почнува да гори сјае помалку. Да, можеби се ќе започне побавно. Но, тоа е постабилно. Не се обидува да се натпреварува и многу почесто останува да гори многу подолго од останатите.