Што симболизираат грбот и знамето на Град Скопје?

Град Скопје е главен и најголем град во Македонија, кој воедно претставува административно-политички, стопански, културен и образовно-научен центар. Се наоѓа во северниот дел на државата, а во средишниот дел на Балканскиот Полуостров распространет на бреговите на реката Вардар.

Симболи на Градот Скопје е Грбот и Знамето на градот. 

Грбот на Градот Скопје има форма на штит, на кој горната страна е полулак свртен внатре, левиот и десниот горен агол на штитот го прават две коси линии, додека долните страни се надворешно заоблени лакови што завршуваат со врв по средината на долната оска. 
Во просторот на штитот се содржани: Камениот мост со реката Вардар, тврдината Кале и снежните врвови на Шар Планина.

Грбот на главниот град, по државниот грб, е најупотребуваниот грб во земјава. Тој е најстар градски грб во Македонија 

Знамето на Градот Скопје е црвено, а во неговата лева горна четвртина, до копјето, се наоѓа грбот на Градот втиснат со жолта боја. 

Грбот на знамето е поразлично од грбот на градот. Разликата е во тоа што грбот на знамето има бранови под мостот, мостот нема отцртано тули и брдото на калето е исто така отцртано.