Лекарите работат во заразена средини и  често се во опасност да закачат грип или друга сезонска болест. Сепак, повеќето од нив куртулуваат, бидејќи се придржуваат на едноставни совети без разлика што постојано се во контакт со заболени пациенти.

Редовно миење на рацете во текто на денот

Лекарите ги мијат рацете пред и по секој пациент. Мијте ги рацете полека, идеално би било околу 20 секунди, со млака вода и сапун. Добра замена е и средство за дезинфекција на рацете.

Рацете подалеку од устата и носот

На дланките има најголем број бактерии, особено во зима. Затоа е важно да ги држите подалеку од носот и устата. Зиме повеќе користете прибор за јадење, а ако јадете сендвич или храна која се јаде со раце, фаќајте ја со хартивче.

Чистете ги површините околу себе

Пост0јат средства кои ги уништуваат бактериите. Задолжително чистете ги површините околу вас, површината на која седите, телефонот, тастатурата.

Имунолошки систем

Лекарите советуваат трчање во траење од 20 минути секое утро или едноставни вежби.

Додатоци во исхраната

Освен разновидна исхрана пожелно е да внесувате и појачана доза витамини. Билни чаеви, витамин Ц, магнезиум

Мед и прополис

Медот е добар за ждрелото, а прополисот е одличен за борба со бактерии и ја смирува слузокожата на носост и грлото.

Супа

Познатата пилешка супа е добро решение за зимскиот период. Многу истражувања покажуваат дека е добра за јакнење на имунолошкиот систем.