Што најмногу го убива сексуалниот живот?

За намалување на страста во бракот обично се “заслужни” различни сексуални потреби и фрустрации, занемарувањето на изгледот, рутината, недостатокот на време и здравствените проблеми.

Чувајте го вашиот сексуален живот!

Ретки се оние кои го задржуваат стариот “ритам”

Двојки кои имале секс пред брак во просек четири пати неделно, по свадбата во просек тоа го прават само еднаш неделно. Покрај тоа, луѓето кои не се во брак велат дека имаат по исполнет сексуален живот од оние во брак, покажале неодамнешните американски истражувања. “AskMen” направи листа од најчестите “виновници” за уништување на сексуалниот живот во бракот со цел да бидат забележани и спречени.

Навиката е убиец на страста!

Околу 20 проценти од сите двојки водат љубов помалку од 10 пати годишно. Откако ќе се воспостави таква рутина тоа тешко се менува, вели секс терапевтот Керол Квин. Таа исто така додава дека паровите тешко го враќаат изгубениот еротски потенцијал без разлика дали за тоа се причина кавгите, децата или недостатокот на време. Затоа, многу е важно да не помине подолг период од последниот пат кога сте имале секс.

Проблеми со ерекцијата

Околу 52 отсто од мажите над 40 години имаат проблеми поврзани со добивање или одржување на ерекцијата. Наместо да земаат Виагра, терапевтот им советува на мажите да тренираат, да ослабат, да престанат со пушењето и да го намалат внесот на алкохол. Сите овие фактори ја подобруваат еректилната дисфункција која дефинитивно влијае на сексуалниот живот на двојката.

Менопауза

Над 60 отсто од жените бараат развод во времето на менопауза а главен причинител е намаленото либидо. Хормоналната нерамнотежа влијае на менталните и физичките аспекти на сексот, а на тоа придонесува и недостатокот на движење, седечкиот начин на живот и лошите навики.

Запуштање

Околу 43 проценти од луѓето веруваат дека нивниот брачен партнер не атрактивен, што е неверојатно, вели терапевтот. Занемарувањето во однос на телесната тежина, лошото облекување и малото внимание на сопствениот изглед му открива на партнерот дека е занемарен а тоа дефинитивно се рефлектира на сексот.

Различни сексуални интереси

Мажите дури пет пати почесто од жените размислуваат за секс. Клучна компонента на добар сексуален живот е компатибилност во потребите на двојката што обично се стабилизира по неколку години брак. Исто така, можно е партнерите да имаат различни желби, како што се одредени фетиши и фантазии. Комуникацијата и компромисот може да го намалат проблемот на нашето взаемно задоволство, освен ако потребите не се дијаметрално спротивни.

Неверство

Од 16 до 20 проценти, луѓето во брак имаат љубовни афери, а нивните последици се долгорочни. Освен што прељубниците избегнуваат секс со партнерот, за поголемиот дел од љубовните афери се дознава. Ова доведува до нарушување на интимноста и довербата што некои двојки многу тешко ги надминуваат. Терапевтот препорачува брачен советник да помогне во решавањето на кризата.

Родителство

Околу 30 отсто од жените велат дека во текот на првата година од животот на детето воопшто не чувствуваат сексуално задоволство, а најчеста причина за ова се хормоните, но истоа така исцрпеноста и стресот. Ретко кои двојки се подготвени за промените кои ќе се појават во нивниот сексуален живот со доаѓањето на детето и за тоа дека слабеењето на сексуалниот живот во такви околности е нормално.

Здодевност

Неодамнешните студии покажаа дека жените три пати почесто од мажите кажуваат дека нивниот брак е здодевен. Љубовните советници тврдат дека бракот останува поинтересен за оние луѓе кои и понатаму го задржуваат својот идентитет, пријатели и хобија.
„Поддржувајте ги вашите различности, вклучувајќи ги и сексуалните, не го анализирајте претерано вашиот однос, туку, уживајте во него.“ – вели Керол Квин.

Бременост

Можноста за сексуално задоволство паѓа за 39 проценти во првите три месеца од бременоста а самата бременост често носи мачнина, зголемување на телесната тежина, хормонални промени и несигурност. За многу парови бременоста е првиот период на промени во сексот и треба да се гледа како добра вежба за комуникација и создавање на интимност.

Недостаток на време

Дури 80 проценти од двојките за нивниот незадоволителен сексуален живот ги обвинуваат презафатеноста и недостатокот на време. Проблемот се јавува поради тоа што сексот веќе не се смета за приоритет и треба да се размисли зошто е тоа така и какви се последиците. Договарање време за секс за ваквите двојки е најдоброто решение.