Луѓето обично можат да се класифицираат во две категории според тоа што сакаат да грицкаат…

Некои сакаат солени грицки, чипсови, грисини многу повеќе од чоколадо, додека други уживаат во слaтките и не можат да поминат ниту еден ден без барем една посластица.

Иако и едната и другата категорија спаѓаат во нездравата храна, изгледа дека слатките се многу попогубни за килограмите.

Имено, истражувањата покажаа дека оние кои ги избираат колачињата наместо чипсот се посклони на таложење на масните наслаги, а тоа го докажа и истражувањето на Универзитетот во Мичиген.

„Откривме дека децата кои јадат слатки, а не солени грицки, по оброкот, имаат поголем ризик за дебелеење“, вели д-р. Џули Лименг, која го предводеше истражувањето.

Истражувањето опфатило 209 деца, кои еден час гладувале а потоа изеле цел оброк, а на крајот им бил понуден десерт и солени грицки. На децата им било кажано да јадат колку што сакаат.

Децата на возраст од една до три години кои се одлучиле за слатките и кои биле воземирени кога храната им била земенаги зголемиле килограмите, додека децата кои грицкале солени грицки не ги зголемиле килограмите.

„Тенденцијата да јадете и кога сте сити се зголемува со текот на годините и можете да имате доживотни последици со килограмите“, вели д-р. Луменг.