Што би направиле кога би можеле да погледнете во кристална топка и да ја запознаете љубовта на вашиот живот?

Што би направиле кога би можеле да погледнеме во кристална топка денес и да ја видиме љубовта на нашиот живот? Дали би биле среќни и задоволни, или пак би посакале некој од друг?

Секоја личност копнее по тоа да ја сретне вистинската личност. Многу од нас, најголемите романтичари, се надеваат на тоа. Живеат во облаци и само чекаат таа да се појави. Постојат и оние кои велат дека не веруваат во љубов и сродни души, но чекаат да се појави некој кој ќе биде вистинската личност за нив. И сите ние чекаме. Се надеваме. Луѓе сме.

Сите сакаме да пронајдеме љубов -  тоа е дел од нас. Но, ретко кој од нас сака да го признае исркено тоа. Љубовта е на врвот на нашите акции, и нашите умови, иако не зборуваме за тоа.

Често, тоа е причина зошто ќе купиме одреден фустан, зошто правиме компромиси, зошто забораваме на нашите пријатели кога сме во врска. Тоа е причината и зошто се чувствуваме преплашено и несигурно, плашејќи се од тоа да останеме сами.

Ако постои една работа која сите треба да престанеме да ја правиме, е да чекаме да се појави некој во нашиот живот. Ако постои нешто што треба да почнеме да го правиме е да се сакаме себеси повеќе. Да ги славиме своите успеси и триумфи, да се ослободуваме од своите стравови, да излегуваме од своите комфорни зони, да се чувствуваме сигурно во своја кожа.

Затоа што, на крајот на денот – ние сме самите кои си го лечиме своето срце кога е скршено. Ние сме тие кои се грижиме за себе кога сме тажни. Ние сме тие кои праќаме и енергија до другите луѓе. Таквата енергија е најважна.

Затоа, престанете да ја барате вистинската личност, со која ќе го поминете остатокот од животот. Бидете таа личност. Погледнете се себеси во кристалната топка, својот лик.

И другите нека ве бараат вас.

cheap nike free run 5.0