Што би направил Бил Гејтс со два долари?

Бил Гејтс е еден од најбогатите луѓе на планетата, но и еден од најголемите светски филантропи. Тој долго време работел во Африка, па го знае најдобриот начин како да се живее со само два долари на ден.

Во текстот кој го објави на сопствениот сајт, Гејтс понуди неколку трикови со чија помош можете да живеете со само два долари на ден.

– Тоа јас би го правел, би одгледувал пилиња – изјави Гејтс, а потоа ја објасни својата одлука. Пред се, за нив е многу лесно и ефтино да се грижите, објаснува Гејтс, а може да помогнат и во одржување на здравјето на децата, бидеќи се непроценлив извор на храна. Јајцата може да помогнат во борба против неухранетост, исто така тука е и можноста да се изведуваат нови пилиња и да се продаваат.

– Да претпоставиме дека еден фармер ќе започне со 5 кокошки. По три месеци фармерот може да има 40 пилиња. И на крај, продажната цена на едно пиле, што е типично за западна Африка, може да доведе до заработка  од илјада долари годишно – објаснува Гејтс.