Петре Шилегов наскоро и официјално ќе го презеде раководењето со град Скопје и меѓу првите акти кои ќе ги донесе и стопирање и ревизија на сите градби од проектот Скопје 2014 меѓу кои и Панорамското тркало во водите на Вардар. 

Шилегов посочи дека ваков објект ќе биде многу штетен за реката Вардар чие корито е загрозено со сите дополнителни објекти кои се изградија, па затоа не смее да се дозволи доградба на Панорамското тркало туку тоа да остане со сегашната конструкција како пешачки мост кој на оваа локација и би бил добредојден. 

Потпишаните договори со добавувачите и градежните компании внимателно ќе се разгледаат и доколку е можно тркалото на пример би се поставило во новиот Луна парк во Скопје каде е многу посоодветна локација. 

Панорамското тркало има комплициран систем на финансисрање, одобрено е од град Скопје, го гради Јавното сообраќајно претрпијатие кое со него требаше да стопанисува, а парите ги дава Владата преку Агенцијата за електронски комуникации. 

Сега новата влада единствено што направи е ги сопре трансферите од државниот буџет, додека пак град Скопје иако префрли сума на пари на ЈСП цврсто тврдеше дека е за новиот електронски систем за наплата, а не за изградбата на Панорамското тркало.