Шехтанска: МВР зауздај си ги силеџиите во униформи, се изживуваат врз кој стигнат

Актерката Катерина Шехтанска очигледно револтирана од сообраќајната контрола на МВР на една скопска улица го сподели своето искуство. 

- МВР зауздај си ги силеџиите променети во полициска униформа распослани по улиците каде секој кој прави прекршок не смеат а и не можат да го фатат па се изживуваат врз кој стигнат. Од страв на крај ме бркаше да ми проверува телефон дали сум го снимала глупирањето на двајца полицајци кои глумеа шерифи на една скопска улица, сподели таа. 

Иако вели дека ветила дека нема да пишува статуси во оваа насока, сепак праша: 

Можете ли подоле од ова? Секако дека ДА.