Секој заслужува да се разбуди со насмевка на лицето. Секој заслужува да се чувствува живо и исполнето. Да биде возбуден што придонесува во овој свет. Да биде возбуден за своите соништа и цели.

Секоја личност на овој свет заслужува да биде сакана. Секој од нас заслужува да биде со личност која го почитува и сака и прави да се чувствува како да е на врвот на светот. Таа личност е онаа која прави напор, која ве одбира секој ден и која е спремна да направи се на светот за вашата среќа.

Никој на овој свет не заслужува болка и каење. Ниту пак ист живот како неговите родители. Ако сте тажни и нерасположени и мислите дека сте заслужиле некаква лоша и тажна судбина, не очајувајте. Тажните времиња се тешки, но тие не траат засекогаш. Кренете ја главата горе, соочете се со нештата кои ви ги дава животот и дајте си храброст и поддршка да се изборите со нив.

Напишете ја својата среќна приказна. Потрудете се да го добиете тоа што го сакате и не дозволувајте некој друг да одлучува дали заслужувате да бидете среќни и на кој начин ќе го направите тоа. Некогаш ќе се чувствувате како црна овца, а некогаш како најголем победник и тогаш ќе научите дека светот не е црно-бел. Постојат многу нијанси на тага и милион нијанси на среќа.

Заслужувате да се сакате себеси, да се ставите себеси како приоритет, да бидете свој најголем пријател. Заслужувате да ги утврдите своите предности и слабости, да ја сфатите својата вредност во светот и да си заминете од оние кои не успеваат да ја видат таквата вредност и сила која ја поседувате.

Заслужувате среќа. Не им верувајте на луѓето дека среќата е илузија, тие не знаат да бидат среќни. Радувајт се на малите нешта, не чекајте големи работи и големи гестови. Не се разочарувајте лесно од себе, не си давајте премногу критики. Само верувајте во себе, и во добрите времиња и тие ќе дојдат.