Седум годишно дете тешко повредено во сообраќајна несреќа во Скопје

Дете на возраст од 7 години е тешко повредено во сообраќајна несреќа која вчера околу 19:15 часот се случила во село Ново Село кај Зелениково.

Од полицијата информираат дека автомобил „Ауди А4“ управуван од З.М. (56) удрил во 7 годишниот велосипедист.

Детето било пренесено во Ургентниот центар, каде од страна на доктор констатирани се тешки повреди, скршеница на череп.

Полицијата на местото на настанот извршила увид и работи на целосно расчистување на сообраќајната несреќа.