Седум дена нема ни трага ни глас од таткото и синот кои исчезнаа на Бистра

Седум дена нема ни трага ни глас од таткото и синот од Скопје кои исчезнаа на планината Бистра.

– Kако да пропаднале во земја. Целиот случај е мистерија. Нема ни трага ни глас од 78-годишниот Љубомир и 50-годишниот Сашо, а веќе неколку дена трагаме по нив. Не најдовме ниту еден знак дека поминале по делот од планината Бистра, а теренот го разгледувавме неколкупати, велат за Дневник полицајците и жителите на Лазарополе.

-Денес повторно го пребаруваме теренот. Се поделивме во два тима во кои има припадници на Единицата за специјални задачи „Тигар“. Со едниот тим има и службено куче, а имаме и логистичка поддршка од вработените на националниот парк Маврово како и од граничната полиција при Регионалниот центар Запад-Охрид. Сега сме на надморска висина од околу 1.580 метри на местото викано Kозјак. Теренот е непристапен, карпест со вегетација. Моментно нема никаква трага – изјави Сеат Зеќири, помошник-командир на полициската станица Ростуше..

За потсетување, двајцата исчезнаа  минатиот четврток откако дента од својата викендичка во Лазарополе тргнале да берат печурки на планината Бистра, а вечерта се јавиле очајно барајќи помош со зборовите „помагајте, се изгубивме.