Се што таа некогаш сакаше е да биде важна некому...

Таа постојано се прашува себеси зошто ова постојано и се случува. Таа се прашува зошто луѓето влегуваат во нејзиниот живот само за да исчезнат. Таа почнува да се прашува за својот живот и за тоа дали вреди да се живее.

Таа е бомба која во секој момент се подготвува да експлодира. Таа има светлина која се повеќе исчезнува. Таа полека се откажува и без оглед на тоа колку гласно бара помош, никој не ја слуша. Таа го слуша нејзиниот глас кој како ехо исчезнува во далечината.

Додека таа плаче и вика за помош, луѓето се уште се однесуваат лошо кон неа. Како луѓето да додаваат масло на веќе распламтениот оган во нејзината глава. Таа не знае што повеќе да направи за да им докаже на луѓето дека умира во себе и дека време е некој да ја спаси. Таа се дави во несреќа и изгледа како никој да не се грижи за тоа.

Таа е уморна. Не, повеќе е истоштена од тоа што живее живот полн со тага. Таа веќе се помирува со идејата дека таа не вреди и никој не ја сака.

Зошто се уште лошо се однесувате кон неа кога таа буквално се обидува да ви каже дека само сака да не се чувствува безвредно и незначајно?

Веќе и станува се потешко да вложува напори да се смее и да се прави дека се е океј. Таа не е добро. Колку повеќе се труди да ги убеди другите дека е добро, толку повеќе тага се вгнездува во неа.

Таа би дала се само за да помогне некому. Таа гледа другите да бидат добро па после гледа за себе.

Секоја ноќ таа се прашува како да издржи уште еден ден полн со лажни насмевки и празни муабети.  Таа никогаш не барала многу. Единствено нешто што сакаше беше да биде важна некому и да направи некоја промена во светот. Таа не сака сите да ја сакаат, таа сака да биде важна барем на една личност.

Таа не бара многу од луѓето. Таа повеќе сака да дава подароци отколку да прима. Таа повеќе сака да дава љубов отколку да добива. Таа сака некому да ја подари целата своја љубов и душа.

Никогаш не потценувајте што можат да направат луѓет. Немојте да мислите дека се е добро. Не се откажувајте од неа. Вие можеби сте нејзината единствена причина поради која се буди и станува наутро и се бори да издржи уште еден ден. Не ја оставајте сама кога можеби највеќе и сте потребни. Проверувајте ја и осигурајте сте дека океј. Ако не го направите тоа, еден ден можеби ќе се каете.