Се самоуби синот на Илчо Захариев

Ноќеска во викендичка во Делчево бил пронајден мртов Александар Захариев, 23-годишниот син на поранешниот градоначалникот на Штип, Илчо Захариев, дознава „Слободен печат“ од извори во истрагата.

Од СВР Штип сè уште не можат да ја потврдат информацијата, но најавија повеќе детали за подоцна.

Од Јавното обвинителство Делчево го потврдуваат случајот. Оттаму информираат дека е направен увид и дека смртта настанала со бесење, а на телото нема траги на насилство.

Телото е предадено на обдукција.

cheap nike air max 90