Се реализира проектот „Зелена Гази Баба“

Изминатиот период тимови на Јавното комунално претпријатие „Гази Баба 2007“ со интензивни теренски активности работат на подигање нови и уредување на постоечките зелени површини на територија на општина Гази Баба.

Се реализираше акција за засадување на повеќе од 1.500 разновидни нискорастечки цвеќиња и повеќе од 500 садници од разновидни типови дрвја и грмушки на повеќе локации.

-Од моето доаѓање за градоначалник на општина Гази Баба преку реализација на различни активности се засадени повеќе од 6.500 нови садници, информира градоначалникот Бобан Стефковски.