Се продолжува рокот за легализација на бесправно изградени објекти

Се продолжува рокот за легализација на бесправно изградени објекти. Сите оние граѓани кои немаат доставено барање за легализации на дивоградби ќе можат да го направат до 31 март 2016 година. Станува збор за дивоградби кои биле изградени до 3 март 2011 година, истакна денеска министерот за транспорт и врски Владо Мисајловски кој присуствуваше денеска на доделувањето на решенијата за легализација на дивоградби на 30 граѓани ви во општина Илинден.

-Процесот на легализација добро тече изминативе години. Досега имаме повеќе од 140.000 решенија за легализација, повеќе од 46000 имаме во Скопје, а во општина Илинден која е една од најдобрите општини во Р. Македонија по бројот на издадени решенија за дивоградби повеќе од 75 % веќе го имаат завршено овој процес, рече министерот.