Се отстрануваат нелегалните продавачи во Чаир

Инспекторатот со акција за отстранување на нелегалните продавачи во Чаир.

Општинскиот инспекторат на Општина Чаир во соработка со инспекторатот на Град Скопје и Министерството за внатрешни работи спроведоа акција за отстранување на нелегалните продавачи од тротоарите на улица „Кемал Сејфула“, „Лазар Трповски“ и јавната површина во близина на пазарот во Чаир.

„Слободното движење на граѓаните на јавните површини и градењето на легална и достојна конкуренција се неспорни приоритети“, информираат од општината.