СДСМ: 3,5 милијарди евра капитални инвестиции

Нова програма за европска иднина на СДСМ: 3,5 милијарди евра капитални инвестиции, велат во соопштение од СДСМ.

СДСМ има јасен план за европска Македонија, прецизна изборна програма со конкретни мерки и проектиЕден од столбовите на програмата е силна домашна економија, економски раст, продолжување на поддршката за компаниите.Како поттик на економскиот раст, СДСМ предвидува 3,5 милијарди евра јавни капитални инвестиции.

Од СДСМ ветуваат 180 милиони евра директна финансиска поддршка на домашните компании за инвестиции во производство и притоа дополнуваат дека новата влада што тие ќе ја формираат ќе обезбеди економски просперитет, силна домашна економија, нови работни места, раст на платите и пензиите.