САНУ организира изложба во чест на Глигор Чемерски

Српската Академија на науките и уметностите вечерва организира изложба на последните дела на академскиот сликар, графичар, мозаичар и почесен член на Руската академија на уметностите, Глигор Чемерски. Изложбата ќе биде отворена вечерва во 19 часот, во просториите на академијата, а поздравен говор ќе одржи академикот Владимир С. Костиќ, кој е и претседател на САНУ. Македонската делегација ќе ја предводат министерката за култура Елизабета Канческа Милевска и потпретседателката на МАНУ Луан Старова. 

Глигор Чемерски почина минатиот месец во Скопје на 76 годишна возраст. Тој е родум од Кавадарци, а се школувал во Скопје, Белград и Париз. Во кариерата има направено преку 30 самостојни изложби во Македонија и низ светот, оставајќи зад себе огромно ликовно творештво.

Во најавата за неговата последна изложба пишува:
"Со углед на класик и со репутација на македонски, но и париски сликар, Чемерски ревносно и со огромно количество страст му го отстапи својот живот на сликарството.
Како едно од водечките сликарски имиња во Југоисточна Европа, тој ги стави својот личен влог, сиот свој талент и фанатичната определба за создавање дела со јасен личен печат, покажувајќи ги својот персоналитет и силната индивидуа, својот пат и своите пораки".