Сакав да успееме, но едноставно не може човек да ја победи судбината...

Навистина мислев дека ти беше вистинскиот човек за мене. Бевме како две половини од истата душа кои конечно се нашле после години лутање. Ти беше сѐ што јас посакував и сѐ што ми требаше и јас бев истото тоа за тебе.

Не сакав да помине ден без да те видам или без да го чујам твојот глас. Дури и кога зборувавме за најбудалести работи, јас се смеев без престан. Бев целосно заљубена во тебе.

Не можев да ти се изнаситам. Кога бевме заедно времето леташе, а кога не бевме заедно секоја минута изгледаше како вечност.

Но, нешто не беше како што треба меѓу нас. Изгледаше како универзумот да ја зафркнал работата.

Универзумот си правеше свои пресметки и тие некако не беа наштимани како што треба. Се беше тука, освен времето.

Толку силно се трудевме да направиме работите да успеат. И тоа кратко траеше.

Но, вистината е дека човек не може да работи против универзумот. Не може да се бори против судбината. Не можеш да го победиш она што ти е пишано.

Не знам зошто работите беа такви какви што беа или зошто се такви какви што се сега. Не знам зошто не успеавме, иако мислев дека работите е невозможно да бидат подобри со друг.

Вистината е дека не знам.

Сѐ уште барам одговори за прашањата за кои знам дека најверојатно нема да  добијам одговор.

Но, сега и тука, навистина се надевам дека си среќен.

Се надевам дека најде некоја која го осветлува твојот живот, некоја која става насмевка на твоето лице. Се надевам најде некоја која те поддржува, сака и која те охрабрува.

Се надевам дека најде некоја која ти дава сѐ што ти е потребно.

Се надевам дека најде некоја која ти помага да ги сфатиш сите овие работи, бидејќи за мене ништо нема смисла.

На крајот на краиштата, знаевме дека нема да ја бидне работата, но барем се обидовме. Дадовме сѐ од себе. Никој не може да нѐ обвини дека сме се откажале.

Вредеше да бидеш млад и заљубен. Секогаш ќе вреди.