Сакаме да бидеме порасположени? Време е да поставиме фитнес цели

Поставувањето цели е најдобар начин за да дојдеме до посакуваните резултати.

Photo by bruce mars on Unsplash

Од друга страна пак, постигнувањето на посакуваните резултати е најдобар начин за да се орасположиме. Целите зависат од она што сакаме да го постигнеме.

Некој од нас сака да ослабе, друг сака да се чувствува подобро во своето тело, трета личност посакува преку вежбањето да се ослободи од негативната енергија.

Алисон Мед е маратонец кој веќе четири години по ред, трча барем еден километар на ден. Таа вели дека е успешна во тоа што  го прави бидејќи поставува цели и ги прославува малите победи. Освен трчањето, таа пешачи со своето семејство и оди во теретана 2 пати неделно. Но, сето тоа е запишано од нејзина страна.

Навиката за запишување и помага да ги исполни целите, но и да се чувствува убаво додека вежба.

Инструкторката Џес Парис се согласува дека секој момент од нашиот фитнес режим треба да има Цел, со големо Ц. Според неа, луѓето често се откажуваат од вежбањето бидејќи немаат цели кои ќе им помогнат да бидат конзистентни. На пример таа вели, „Ќе вежбам два пати неделно по еден час“ е совршена цел или пак уште поинтересно „Ќе возам велосипед додека не видам барем три слатки кученца“.

Не се фокусирајте на оние луѓе кои вежбаат 5-7 дена во текот на неделата и кои изгледаат совршено. Немојте да мислите дека не можете да го постигнете тоа. Она што треба да го знаете е дека и тие почнале со мали чекори, но можеби имаат или имале различни цели.

Секој од нас знае што е најдобро за него, особено кога станува збор за задоволството.