Розова „бубачка“ на четири тркала - урбана скопска легенда (фото)

Kолку пати сте ја виделе оваа розова „бубачка“ на четири тркала која претставува урбана легенда на Скопје?

За некои нејзиното постоење е се' уште мистерија, но многумина знаат дека розовиот „фолксваген буба“ е дело и своевидно алтер его на шармантната дама Љубица Рубен-Буба.

-Од секогаш сум сакала да возам „фолксваген буба“. Оваа желба пред 20 години ми ја оствари мојот сопруг.Колата е произведена во 1971 година, оригиналната боја е сива, ние ја офарбавме бидејќи мојата замисла беше оваа кола да биде розева.Со нејзе имам патувано до Солун, Љубљана...Ме контактираат за да ја изнајмам за свадби, се сликаат странци, често пати на колата има оставно писменца, розеви цветови, раскажува Љубица.