Ретро
30. November 2016 - 14:09

РEТРО: Те чекам кај Чичко Стоилко (фото)

„Те чекам кај Чичко Стоилко“  – ова е еден скопски муабет, кој што ја направи сендвичарата „Чичко Стоилко“, урбан култ на градот.

Сепак, дојде времето кога чичкото и Нино заминаа во историјата, односно и двата објекти беа остранети од локациите.Отстранувањето на сендвичарниците Чичко Стоилко, Нино и уште два објекти беше изведена по законска обврска на општина Центар која постапуваше по донесеното решение и на барање на ЕВН за поставување на нова барокна фасада на зградата.

Во моментов на оваа локација има поставено скилиња на кои се изведува новата фасада на ЕВН, наскоро се очекува да почнат со работа новите барокни сендвичари и киосци кои се поставени на неколку локации во центарот на градот.