Реконструкција на тротоари, улици, хорикултурно уредување и изведување атмосферска канализација во населба 11 Октомври

Општина Кисела Вода реализираше повеќе проекти во населбата 11 Октомври кои опфатија  тротоари, улици, хорикултурно уредување и изведување атмосферска канализација.

Од Општината информираат дека се преземени мерки за поплочување со павер елементи на тротоарите од двете страни на ул.”Трајко Иванов”, каде е извршено и хортикултурно уредување. Вредноста на проектот изнесуваше 307.758 денари. На скверот помеѓу оваа улица и бул. “Борис Трајковски” е изведена стилизација на локомотива со вагончиња, а во соработка со Град Скопје овој дел беше и хортикултурно уреден, за што беа инвестирани 436.600,00денари.

На ул. “Спиро Гулапчев”, пак, за решавање на проблемот со прифаќање на атмосферските води од овој дел од градот, е изведен крак од атмосферска канализација во должина од 304 метри, за што се  инвестирани 3.621.892,00 денари од буџетот на Општина Кисела Вода. Улицата е целосно реконструирана, поставена е нова асфалтна маса, а се обновија и торотоарите од двете страни на улицата, на кои се поставија бекатон плочки на површина од вкупно 660 квадтратни метри. Средствата потрошени за реализација на овој проект беа во висина од 2. 756.051,72 денари.